Во Саудиска Арабија денеска се уапсени 13 лица поради врски со планирање напади во кралството.
Тие се уапсени еден ден откако безбедносните сили соопштија дека спречиле напад, северно од Ријад. Притоа, според полициското соопштение, биле уабиени четворица вооружени напаѓачи кои се обидувале да изведат напад на зградата на безбедносните служби во Зулфи. За тој напад, одговроноста ја презеде т.н. Исламска држава.