По пет воспаленија на крајниците – операција

Може да се оперира веднаш штом детето ќе наполни една година, доколку лекарот процени дека тоа е неопходно.

202

Воспалението на аденоидот или третиот крајник често се јавува кај децата во колективите, како што се градинките и училиштата. Може да се оперира веднаш штом детето ќе наполни една година, доколку лекарот процени дека тоа е неопходно.

Ако воспалението се јавува почесто од пет пати годишно и е придружено со тегоби, тоа значи дека е потребна операција, тврдат оториноларинголозите.

Третиот крајник е дел од имунолошкиот систем на главата и вратот. Ако честите воспаленија се придружени со фебрилност, воспаление на ушите, секреција во шуплините на средното уво или компликации во вид на чести бронхитиси или пневмонии, неопходно е да се отстрани, бидејќи претставува жариште на инфекциите во организмот, вели д-р Светлана Ваљаревиќ, оториноларинголог.

Понекогаш третиот крајник се отстранува хируршки и поради тоа што со големината го попречува или потполно го оневозможува дишењето преку носот. Децата со зголемен аденоид дишат на уста, ноќе ‘рчат, се будат преморени, имаат лош апетит и послабо напредуваат.

За да се оперира детето, резултатите од крвната слика мора да бидат во границите на референтните вредности, а брисевите од носот и грлото уредни. Операцијата на сите возрасти се изведува во општа анестезија, вели д-р Ваљаревиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...