Низа бариери, неможност да се исполнат меѓународните стандарди, но и малиот капацитет ги спречува малите и средни компании да извезуваат. Оваа го покажало искуството од работењето на Европската мрежа на можности (Enterprise Europe Network) која ги нуди сите облици на деловна поддршка на малите и средни претпријатија за европските пазари.
– Малите и средни компании имаат ограничени ресурси и треба да се подобра технички и технолошки за да бидат конкурентни за извоз. Ние како мрежа за деловна соработка не можеме да им го подобриме капацитетот, ама можеме да им најдеме партнери во странство – изјави Виктор Стојамановски од Enterprise Europe Network на денешната прес-конференција во Стопанската комора.
Според него, само 5 отсто од компаниите, главно, големите извезуваат на европскиот пазар, другите усопеваат да извезат или само бараат соработка со компании во регионот.
– Главно бараат соработка во Србија, Грција во опкружувањето и Германија – вели тој.
Состојбата може да се промени, велат од Европската мрежа за бизнис можности, ако компаниите инвестираат во технолошкиот развој преку трансфер на технологија и научно-истражувачки проекти.
Мрежата може да им помогне во изборот на деловните парнтери, но и да им изготви деловен профил креку кој можат да ги нудат своите производ надвор од земјава.
Преку базата за деловна соработка компаниите можат да пронајдат бизнис партнер според потреби и секторска припадност, во преку 50 држави на Европската Унија. Исто така, оваа база содржи и податоци за странски претпријатија кои бараат соработка со македонски претпријатија, при што базата автоматски ги поврзува можните бизнис партнери.