Анџелина ми праќаше пораки, а за роденден ми подари гитара… ФОТО

„Шест месеци пред снимањето ми се јави агентката од Лондон да дојдам на состанок, но не ми кажа за што станува збор. Само ми спомна дека една голема холивудска ѕвезда прави филм“.

1590

Актерот Бранко Ѓуриќ Ѓуро (56) може да се пофали со пријателството со холивудските актери Анџелина Џоли (43) и Бред Пит (55). Кога Анџелина одлучила да го снима филмот „Во земјата на крвта и медот” за војната во Босна и Херцеговина, таа избрала актери од овие простори кои биле на добар глас. Затоа на интервју бил повикан Бранко, пишува „24сата.хр“.

– Шест месеци пред снимањето ми се јави агентката од Лондон да дојдам на состанок, но не ми кажа за што станува збор. Само ми спомна дека една голема холивудска ѕвезда прави филм. Го направивме состанокот, а кога се вратив дома, ги слушнав приказните дека Анџелина прави филм и тоа потоа го поврзав – раскажал Бранко во емисијата „Во својот филм“.

Веќе идната недела добил интересен имејл на англиски јазик.

– Ми се јави Анџелина: „Мил Ѓуро, овде Енџи“, и така почнавме да го развиваме нашето пријателство, почнавме да се допишуваме и да соработуваме во врска со сценариото – рекол тој.

Кога се сретнаа шест месеци подоцна, Анџелина го нарече стар пријател, како отсекогаш да се знаеле. Тогашниот партнер на Анџелина, Бред Пит, се појавил на сетот.

„Тој беше многу шармантен, скромен и некако срамежлив. Тој ми кажа пцости од овие подрачја на кои се сеќаваше од времето кога снимаше во 80-тите години во Црна Гора. И интересно, тој ме праша за тие луѓе, реквизитите и помошниците. Ги знаеше нивните имиња и ме праша како живеат. Тој е навистина социјално освестен“ рече Бранко.

Тие снимаа два месеци во Будимпешта, а потоа се видоа и во Лос Анџелес, Њујорк … Не им беше лесно на сцената бидејќи Бред и Анџелина беа ѕвезди секаде каде што ќе се појавеа.

Пријателството помеѓу Ѓуро и Анџелина остана. Таа редовно му ги честита родендените и му испраќа подароци.

– За мојот 50-ти роденден, таа ми подари совршена гитара. Таа ја сака музиката. И прстенот што го имам е од Бред. На гитарата напиша посвета: „Мил мој Бранко, ја сакам твојата музика, го сакам сето ова”. И морам да признаам дека честопати свирам на неа на концертите – рекол Бранко.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...