Конструирана направа што собира вода и во пустина

Меѓу слабостите што и се припишуваат на оваа направа е нејзиното ограничено работење до 24 часа. 

251

Научниците од Технолошкиoт институт во Масачусетс конструираа направа што може да собира вода дури и од воздухот во пустинските области.

Тие како причина за овој нивен проект го наведуваат глобалното затоплување поради кое многу земји се соочуваат со недостиг на вода. Според проценките на Обединетите нации до 2050 година над пет милијарди луѓе ќе бидат засегнати од овој проблем.

Иако истражувањата во оваа сфера не се новина, научниците тврдат дека досегашните модели не се практични.

Дел од нив користат роса која ја претвораат во вода, но за тоа им е потребен некаков ладилник и механизам за кондензација што троши премногу енергија. Други пак собираат вода од магла, што пак е невозможно да се изведе во пустински услови.

Новиот модел може да собере 2,8 литри вода и користи само посебен кристален материјал. Водената пареа се собира во овој материјал за време на ладните ноќи, кога сонцето ќе загрее водата испарува и навлегува во резервоарите каде повторно кондензира и се акумулира.

Научниците наведува дека овој вид на материјали собираат поголеми количини на вода, а бидејќи не потребен ладилник се енергетски ефикасни.

Направата е тестирана во Аризона, каде релативната влажност на воздухот е само десет отсто и речиси нема роса. При тестирањето овој модел собрал 250 милилитри за едно деноноќие.

Меѓу слабостите што и се припишуваат на оваа направа е нејзиното ограничено работење до 24 часа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...