Украинската полиција денеска доби дојава за поставени бомби на меѓународниот аеродром во Храков, во хотел и во неколку трговски центри во градот.
Информацијата за поставени експлозивни направи на Меѓународниот аеродром, во бизнис хотел и трговски центри е добиена во полицијата во 13 часот по локално време, се наведува во соопштение од полиција.
На наведените локации се испратени претставници на истражни органи, оперативни екипи и деминери, а исто така наредена е и евакуација на граѓаните.
Харков е втор по големина град во Украина, каде денеска се одржува вториот круг од претседателските избори.