Уште две експлозии одекнаа во главниот град на Шри Ланка, Коломбо, откако беа активирани шест експлозивни направи во три цркви и три хотели, јави германската новинска агенција ДПА.
Според полицијата една од експлозијата се случи во предградието Деивала, 12 километри јужно од Коломбо. Во овој напад загинаа најмалку две лица.
Во претходните експлозии, на католички Велигден, загинаа најмалку 187 лица, од кои 12 се странци, а над 400 други се повредени.