Цената на златото за испорака минатата недела изнесуваше 1.286,6 долари за унца, а се очекува до крајот на годината да достигне 1.400 долари, што се должи на помалку агресивна политика на Банката на федерални резерви на каматните стапки и надолгорочна глобална несигурност, проценуваат експертите, објави CNBC.
– Очекуваме дека златото ќе продолжи да се тргува во овој опсег во наредните месеци. Но, во втората половина на годината, можеме да очекуваме дека цената ќе се зголеми и ќе достигне 1400 долари до крајот на годинава – изјави Мартин Хаксли од Сингапур.
Централните банки во светот купуваат големи залихи од овој скапоцен метал, во последните 50 години. Во контекст на диверзификација на резерви и оддалечување од некои валути, вклучувајќи го и американскиот долар, наведува CNBC.
Купување на злато се смета за „безбеден рај“ или средство кое има тенденција да ја задржи или зголеми својата вредност, дури и за време на турбуленции на пазарот.