Пилотот и патник на мал приватен авион вчера загинаа кога леталото се урна во јужниот дел на Бугарија.
– Авионот „зодијак“ со две седишта, беше на промотивна тура, а за време на летот едното крило се оддвоило, при што авионот се урна во близина на стадионот во село Оризаре, каде имаше натпревар – изјави шефот на полицијата во Пловдив, Атанас Илков.
Тоа е вторпат од почетокот на април да се урне бугарски авион. На 2 април при пад на авион од типот „цесна“ кај Солунска Глава загинаа четворица бугарски државјани.