Најмалку 100 лица загинаа, а повеќе 250 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА.
Според полициски извори, речиси истовремено експлозии одекнале за време на велигденската миса во католичката црква „Свети Ентони“ и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.
Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.
Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан“ во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.
Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд“, „Кингбари“ и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.
Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.
Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.