Откриена гробница стара 13.500 години

Во гробот е закопана девојка на возраст меѓу 13 и 18 години, со обезглавено тело, сместено во положба на клечење.

176

Археолози во јужната кинеска провинција Гуангдун пронашле гробница стара 13.500 години, што претставува досега најстар гроб откриен во Кина.

Во гробот е закопана девојка на возраст меѓу 13 и 18 години, со обезглавено тело, сместено во положба на клечење.

Археологот одговорен за ископувањата смета дека телото намерно било поставено во гробот во таква позиција. Покрај скелетот се пронајдени алатки и предмети, што според него, укажува дека и во тоа време постоеле погребни ритуали.

Гробови со тела поставени во слична положба и претходно биле пронаоѓани во јужна Кина и југоисточна Азија, но тие потекнувале од понов датум. За разлика од ова, во антички гробови откриени во северна Кина, телата биле положувани на грб со испружени раце и нозе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...