Засега неидентификувани напаѓачи убија најмалку 13 лица во градот Минатитлан во Мексико кога отворија оган од огнено оружје кон едно кафуле, откако претходно се распрашувале за одреден маж.
Во нападот убиени се седуммина мажи, пет жени и едно дете.
Мотивот за нападот сѐ уште не е познат, се наведува во соопштението од мексиканската Влада.
Мажот кој го барале е идентификуван како сопственик на кафуле во Минатитлан, а нападот се случил за време на семејна расправија.