Црногорскиот претседател против корекција на границите на Балканот

100

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, се противи на корекција на границата меѓу Србија и Косово. Во интервју за Би-Би-Си вели дека не се противи поради тоа што се сомнева во способноста на двајцата лидери од Белград и Приштина да се договорат, туку поради немањето гаранции дека со такви идеи ќе се продолжи на Балканот, но и во Европа.

Ѓукановиќ прашува дали тоа значи откажување од моделот на мултиетничко општество на Балканот или тоа е враќање во 90-те, притоа заборавајаќи на војните инспирирани од тие идеи – да се направат етнички и верски хегемонии и „голема Србија, Хрватска и Албанија“.

– Кој може разумно и убедливо да не увери дека и денес секоја корекција на на границите мотивирана од етничка или верска хомогенизација не е само прв чекор во тој правец? Мораме за тоа целосно и долгорочно да размислуваме…да не направиме чекор во погрешен правец и да предизвикаме домино ефект на ретроградните идеи, истакна Ѓукановиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...