Еден од ретките автопортрети на славниот шпански сликар, Пабло Пикасо, од периодот кога му се заканувала депортација за време на Втората светска војна, наскоро ќе се најде на продажба во Њујорк, соопшти аукциската куќа „Кристи“.
Сликата наречена „Морнар“ според „Кристи“ би можела да се продаде на аукцијата за околу 70 милиони долари.
Делото е масло на платно со големина 130 на 80 сантиметри и е насликано во 1943 година додека шпанскиот сликар живеел во окупираниот Париз. Пикасо се плашел Гестапо да не го упаси и одведе во концентрационен логор, па затоа на делото е прикажан маж со тажен поглед како седи на столица со морнарска маица.
Сликата до 3 април ќе биде изложена во Хонг Конг, а потоа ќе биде претставена во Лондон, па во Њујорк каде на 15 мај ќе биде понудена за продажба.