Светите скали во Рим откриени првпат по 3 века, верниците ќе може и да чекорат по нив

202

Туристи и верници кои ќе ја посетат базиликата Свети Јован Латерански во Рим овој Велигден имаат единствена можност да ги видат, но и да се качат на Светите скали, кои се откриени првпат во последните 300 години.

Скалите, кои се покриени со даски од ореово дрво, ќе бидат откриени во наредните два месеца, по сеопфатниот проект за реставрација.

Во оригинал тие се покриени со мермер и на нив на три места се наоѓаат три капки од крвта на Исус, за кои се тврди дека паднале за време на неговото качување. Тие капки се обележани со средновековни крстови.

Од подножјето до врвот има вкупно 28 скали. На врвот од скалите има соба наречена Света од Светите. Таа некогаш била приватна капела на папата и содржи реликвии од светци и една од најстарите икони на Исус пронајдена во Рим во петтиот век.

Скалите наскоро ќе бидат повторно покриени со дрво за да се заштити оригиналниот мермер, но наредните неколку недели посетителите на Рим ќе можат да одат, како што се тврди, по оригиналните стапки на Исус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...