Родители од пеколот: Си ја уби­ле пет­го­диш­на­та ќер­ка би­деј­ќи би­ла де­бела

515

По­ра­неш­ни­от фуд­ба­лер Си­јер Вуд (28) и не­го­ва­та пар­тнер­ка Еми Теј­лир (25) од САД се об­ви­не­ти за из­ма­чу­ва­ње и убис­тво на пет­го­диш­на ќер­ка Лара.

Спо­ред по­ли­цис­ки ин­фор­ма­ции, непос­ре­дно пред де­вој­че­то да по­чине, ро­ди­те­ли­те би­деј­ќи сме­та­ле де­ка е де­бело, го те­ра­ле да трча и да пра­ви сто­мач­ни вежби, а ко­га де­вој­че­то ќе се из­мо­рело, не­кој од нив ѝ се­дел на сто­ма­че­то за да ја каз­ни по­ра­ди „мрзли­воста“.

Де­вој­че­то би­ло про­нај­де­но во безс­соз­на­ние, а по­чи­на­ло во бол­ни­ца ка­ко по­след­ица на теш­ки­те те­лес­ни пов­ре­ди што му ги пре­диз­ви­ка­ле ро­ди­те­лите.

Еми и Си­јер би­ле уап­сени, а об­дук­ци­ја­та на те­ло­то на де­вој­че­то по­ка­жа­ла де­ка на Ла­ра од се­кој­днев­но­то те­па­ње ѝ би­ле скрше­ни не­кол­ку ребра, а има­ла ош­те­ту­ва­ње и на не­кол­ку ви­тал­ни ор­гани.

Судијката била шокирана од видот на повредите што му биле нанесени на  петгодишното девојче. Лара имала скршени ребра, на повеќе места ѝ бил нагмечен черепот, а имала и расечен црниот дроб.

Ток­му по­ра­ди овие ре­зул­тати, смрт­та на ова де­те се сме­та за убис­тво што го изврши­ле неј­зи­ни­те ро­ди­тели.

На Еми и на Си­јер ќе им се су­ди ве­ќе след­ни­от ме­сец, а до­то­гаш ќе би­дат во притвор. Мај­ка­та првин би­ла об­ви­не­та са­мо за за­поста­ву­вање, мал­тре­ти­ра­ње и негрижа кон соп­стве­но­то дете, но спо­ред по­след­ни­те по­ли­цис­ки ин­фор­ма­ции оваа же­на нај­ве­ро­јат­но ис­то ка­ко неј­зи­ни­от пар­тнер Вуд ќе би­де об­ви­не­та за убис­тво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...