Во организација на Здружението Афористичка репрезентација на Македонија, синоќа во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа шестото издание на манифестацијата Вечер на македонскиот афоризам.
Со свои нови афоризми се претставија шестмина афористичари од Македонија Марјан Ангеловски, Атанас Крлевски, Ристо Филчевски, Ацо Ѓорѓиев, Ружа Стојмилова и Јане Атанасов.
– Минатата година Македонија остана без врвниот мајстор на хуморот и сатирата, Иван Карадак, токму затоа оваа Вечер на македонскиот афоризам му ја посветивме нему – рече Јане Атанасов, организатор на манифестацијата.
Специјалната награда со која постхумно беше изразена почит кон делото на Карадак ја прими неговата ќерка, Марта Марковска.
На конкурсот за најдобар афоризам, што годинава беше на тема „Војна и мир“, првата награда ја доби Ристо Филчевски од Струмица, втората му припадна на Миле Ѓорѓиоски од Делчево, а третата ја доби Марјан Ангеловски од Скопје.