Тринаесет лица загинаа, а најмалку 16 се повредени при уривање на кров на црква за време на миса во близина на југоисточниот африкански град Дурбан.
Инцидентот се случил во градот Длангубо, северно од Дурбан, по обилни врнежи од дожд.
Портпаролот на провинциската служба за локални прашања Ленокс Мабасо потврди дека има 13 загинати и дека кровот се урнал поради силните дождови.
– Голема трагедија, 13 смртни случаи, 16 повредени! – напиша Роберт Мекензи, портпарол на службата за итна помош на провинцијата Куа-Зулу.