Во рамките на јубилејното издание на Танц Фест 2019, од 18 до 21 април ќе се одвива програмата за деца „Танцуваме со Виталија“ во која учестуваат танчери од Новиот танцов центар од Хаг и РИЦ од Скопје.
Младите танчери, на возраст помеѓу 8 и 14 години ќе работат со професорите Џоан ван дер Маст, Дејвид Мидендорп и Анастасија Данчевска. На 21 април, во 13 часот на Сцената Зебра, тие ќе имаат јавен настап на кој ќе ги прикажат подготвентие програми, како и заедничката кореографија.
Танц фест во сабота на 20 април, има настан во Сектор 909, вечер на „Адријана Данчевска и Скопје танцовиот театар“. Танц Фест за прв пат ја проширува својата програма во ноќниот клуб Сектор 909, со цел да освои нови урбани простори и нова публика.
Програмата на Јубилејното издание на Танц фест 2019, под мотото „Идентитети што не смеат да се пропуштат!“ завршува во вторник, 23 април, во македонскиот народен театар со претставата „Секвенци- Минато, Сегашност, Иднина“ и гостување на кинески танчери на ЗЈЦМ од Ханџо, Кина.