Во официјалното соопштение, познатиот актер, Џејсон Мoмоа, со тешко срце ја информира јавноста дека неговата, седум години стара брада, е веќе минато.
Неговиот нов изглед предизвика поделени реакции меѓу обожавателите.
На многумина им е тешко да го замислат Џејсон Мoмоа без брада по која толку години беше препознатлив и кој беше заштитен знак на естетиката на некои од неговите најзначајни улоги, како што се Кал Дрого од „Игра на тронови“ или „Аквамен“.
Актерот одлучил и овој момент да го сподели со своите обожаватели така што го снимил самиот процес на бричењето и тоа го споделил на социјалните мрежи.
– Збогум Дрого, збогум Артур Кари, довидување Деклен – се простува Џејсон Мoмоа додека ја бричи својата брада.
Меѓутоа, Момоа не отишол во пустината и се избричил без причина. Тој, всушност, го направил тоа за да ја крене свеста на луѓето повеќе да се грижат за здравјето на нашата планета. Познатиот актер веќе долго ја промовира потребата од рециклирање на алуминиумот и го свртува вниманието на штетните ефекти на пластиката.