Синдикатот пресмета: За храна месечно се потребни минимум 13.798 денари

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна.

156

На едно четиричлено семејство во март му биле потребни минимум 32.852 денари за да ги задоволи основните потреби.

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.798 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.414 денари. За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.324 денари, а за превоз 2.154 денари. За облека и обувки биле потребни 2.154 денари, а за културни активности 1.070 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...