Изложба на фотографии од народни носии во Неготино

93
Изложба на фотографии од оригинални народни носии, сопственост на Културното уметничко друштво „Јане Сандански”, беше отворена попладнево во Музеј на град Неготино.

– Ова културно уметничко друштво постои 40 години и за сиот тој период претставува културен амбасадор на нашата земја дома и во светот. Над илјада играорци досега биле дел од ова големо семејство. Во моментов стотина играорци и инструменталисти од различни возрасти, ја раскажуваат нашата историја, традиција и култура, рече Александар Арсов, етнокореолог.

Играорци и инструменталисти од ова друштво, денеска се претставија со две изведби на македонски изворни народни песни.

-Целта е да се покаже богатото културно наследство и да се подигне свеста за чување на тоа богатство како најголем аманет од нашите претци кон идните генерации, нагласи Арсов.

Пред присутните се обратија и директорката на музејот Драгица Чекорова и етнокореологот Симе Стоилов , кои исто така изразија задоволство од културната соработка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...