Москва: Стремежите на Тирана за голема Албанија го компликуваат дијалогот Белград-Приштина

156

Министерството за надворешни работи на Русија денеска оцени дека се интензивираат напорите за интегрирање на областите населени со Албанци на Балканот и оти со тоа се компликува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Руското МНР оцени дека „западните покровители на Тирана и натаму се преправаат дека не ги забележуваат активните големоалбански аспирации“, пренесува Танјуг.

Интензивирањето напори да се интегрираат напорите населени со Албанци во повеќе соседни балкански земји и институционализацијата на овој процес во рамки на регионалниот Сојуз на албански општини не е наивно“, се наведува во соопштението од руското МНР.

Москва потсетува дека албанскиот премиер Еди Рама „отоворено рече дека Косово  за него е дел од Албанија“ и оти „обединувањето на Албанија и Косово не е план Б, туку план А“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...