Фејсбук во Британија забрани пристап на крајно десничарски поединци и организации

37

Фејсбук воведе забрана за користење на нивната мрежа во Британија за десетина крајно десничарски поединци и организации за кои тврди дека „шират омраза“.

Забраната се однесува на Британската национална партија и нејзиниот поранешен лидер Ник Грифин, Англиската одбранбена лига и еден од основачите Пол Рејн, Националниот фронт и нејзиниот лидер Тони Мартин и Џек Реншо, неонацист кој планирал убиство на лабуристички пратеник.

Фејсбук посочи дека забраната е воспоставена бидејќи тие на кои се однесува заговарале „насилни мисии или мисии кои шират омраза“.

– Поединци и организации кои шират омраза или напаѓаат или повикуваат на исклучување на други на основа на тоа немаат место на Фејсбук, наведе компанијата во соопштение.

Според портпарол на Фејсбук, на сите посочени ќе им биде оневозможено присуство на кој било сервис на мрежата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...