Над 350.000 граѓани ги добија претпополнетите даночни пријави

УЈП има рок до крајот на овој месец да ги достави претпополнетите годишни даночни пријави до близу 700.000 граѓани.

1170

Вкупно 350.560 претпополнети годишни даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година се доставени до граѓаните до денеска, информира Управата за јавни приходи (УЈП).

УЈП има рок до крајот на овој месец да ги достави претпополнетите годишни даночни пријави до близу 700.000 граѓани.

Во електронскиот систем на Управата за јавни приходи се регистрирани близу 700 илјади даночни обврзници

– Граѓаните имаат можност заклучно до 31.05.2019 година, да ја потврдат или коригираат годишната даночна пријава за 2018 година. По истекот на рокот за потврдување или коригирање на пријавите, на 01.06.2019 година, истите ќе добијат статус на конечни Годишни даночни пријави, заедно со Годишните даночни пријави кои ниту биле потврдени, ниту коригирани – информираат од УЈП.

По истекот на овој рок, Управата за јавни приходи ќе даде официјална информација, колку пријави се прифатени, колку се коригирани, а колку пријави ниту биле потврдени, ниту коригирани, затоа што до 31.05.2019 година, граѓанинот може да го менува статусот на пријавата.

Реформата на пополнување на даночната пријава електронски беше направена лани кога сите граѓани кои остваруваат некаков приход , освен пензионерите требаше да се регистрираат електорнски и да ги потврдат податоците во УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...