Американскиот режисер Мартин Скорсезе ја доби наградата „Златна кочија“ на француското Здружение на филмски режисери во рамките на Канскиот филмски фестивал.
Наградата, која е именувана според истоимениот филм на Жан Реноар, се доделува од 2002 година, а американскиот режисер ја добива за „иновативни квалитети во неговите филмови, за смелост и непопусливост во режијата и продукцијата“.
Француското Здружение на филмски режисери соопшти дека им претставува задоволство да го поздрават Скорсезе како „исклучителен режисер и извор на неисцрпна инспирација“.
На Фестивалот во Кан на девети мај ќе му биде врачена наградата на американскиот режисер.
Скорсезе во 1976 година ја доби „Златната палма“ во Кан за филмот „Таксит“, а во 1986 година наградата за режија за филмот „Во ситните часови“.