Тим од научници од Универзитетот во Сингапур шест години спроведувал истражување за влијанието на консумирањето на печурки врз мозокот на постарите лица. Во истражувањето учествувале повеќе од 600 испитаници постари од 60 години.
Резултатите покажале дека постарите лица кои консумираат повеќе од две стандардни порции печурки неделно, можат да имаат дури 50 проценти намален ризик од развој на благ когнитивен дефицит. Ова пореметување го карактеризира помала пречка на когниција како што е заборавливост, но и благо пореметување во говорот, концентрацијата и снаоѓањето во просторот, меѓутоа, овие симптоми не влијаат значително на секојдневните активности на личноста.
Но, кај лицата со благ когнитивен дефицит постои зголемен ризик од развој на деменција, особено Алцхајмерова болест.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.
Фото: Pixabey