Меркел: Шокирана сум и тажна поради несреќата во Португалија

113
ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е шокирана и тажна поради автобуската несреќа на германски туристи на португалскиот остров Мадеира, во која загинаа 29 лица, а 27 се повредени.

Таа изрази сочувство до семејствата на настраданите во несреќата.

Меркел изрази надеж дека повредените и нивните семејства ќе закрепнат од физичките и психичките повреди.

Канцеларката им се заблагодари на припадниците на португалските служби за вонредни состојби „кои работеа под тешки околности на местото на несреќата“.

Автобусот се превртел вчера во 18.30 часот на стрмна падина, откако на кривина излетал од патот и удрил најмалку во една куќа во населено  место, изјави градоначалникот на Фунчал, Филипе Соуша.

Потпретседателот на регионалната влада на Мадеира, Педро Каладо на прес-конференција рече дека повредените, меѓу кои и португалскиот возач и локалниот водич, се пренесени во локалната болница.

Португалскиот премиер Антонио Коста на Твитер напиша дека и упатил сочувство на германската канцеларка Ангела Меркел.

– Со голема тага ја примив веста за трагичниот настан во Мадеира – напиша тој.

Португалските власти соопштија дека ја испитуваат причината за несреќата.

ФОТО: EPA / ALEXANDER BECHER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...