„Вечер на соло песни“ со бас-баритонот Милан Силјанов

86

„Вечер на соло песни“ е рециталот на извонредниот вокален солист, бас-баритонот Милан Силјанов кој ќе се оддржи во понеделник во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. Силјанов години наназад е активен на европските музички сцени, а во Скопје ќе настапи со неговата долгогодишна партнерка, пијанистката Нино Чоконелидзе од Грузија.

Оваа вечер ќе бидат изведени инспиративни циклуси на песни: „Љубовта на поетот“ оп. 48 од Р. Шуман, Циклус песни „Let us garlands bring“ оп. 18 од Џ. Финзи, „Дон Кихот и Дулчинеа“ од М. Равел, како и „Отпловена Русија“ од Г. Свиридов.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...