Отворена изложбата „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“

152

Во Музејот на македонската борба вечерва беше отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора насловена „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“.

На отворањето на изложбата меѓу бројните гости присуствуваа и премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите за култура на Северна Македонија и Црна Гора, Асаф Адеми и Александар Богдановиќ и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Навистина е голема честа што вечерва сме опкружени со ексклузивни експонати кои со својата префинетост ја презентираат специфичната естетика и култура на свечената облека карактеристична на црногорскиот двор од 19 и 20 век. Вечерашната колекција не само што ни го рефлектира суптилниот вкус на високите претставници на тогашното црногорско општество, туку и јасно ни ја доловува историската и културната интегрираност на овие простори на големото европско семејство, рече министерот Адеми.

Додаде дека оваа изложба е еден од проектите кои го потврдуваат големото значење на меѓусебната соработка и размената на проекти на институции од регионот и пошироко.

– Сметам дека поддршката на ваквите проекти е клучна во развојот и креирањето на политики кои се потпираат на културната разновидност и креативност, есенцијални за демократскиот културен развој на нашето општество, посочи Адеми.

Министерот Богдановиќ посочи дека оваа изложба претставува, како што рече, уште еден чекор напред во културната врска на нашите две земји чие пријателство предизвика бројни примери за партнерство и соработка.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...