„Еурокомпозит“ се договори за отпремнините, но бараат датум за заостанатите плати и придонеси

142

Десетина претставници на 153-цата работници прогласени за технолошки вишок на прилепски „Еурокомпозит“ остануваат на протест пред Владата, барајќи конкретни рокови за решавање на проблемите со заостанатите плати и придонеси. Тие се согласуваат со најавата дека ќе им бидат исплатени отпремнините до петок или најдоцна до понеделник, ни изјави претставникот на Иницијативниот одбор на работниците прогласени за технолошки вишок Пеце Велканоски.

– Се согласуваме и очекуваме да се исполни најавата дека отпремнините за нас ќе се исплатат до петок или најдоцна в понеделник. Но, бараме конкретни рокови за исплатата на заостанатите плати и придонеси, ни изјави Велјаноски.

Работниците имале средба, според Велјаноски, со претставникот на капиталот во „Еурокомпозит“ и со владини претставници, но бараат конкретни рокови за понатамошното решавање на проблемот со заостанатите плати и придонеси. Затоа, како што велат, нивни поретставници останувааат на протест пред Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...