Валканата жардиниера, која е поставена на влезот спроти Јавното обвинителство, цели два дена никој од Управата на ГТЦ не ја исчисти, туку тоа денеска го стори еден граѓанин за неполни 5 минути. Некој во неа, но и во соседната, засадил украсни растенија и жардиниерите, кои беа претворени во канти за отпадоци, оживеаја.
Се надеваме дека сепак станува збор за управата на ГТЦ и дека кај луѓето проработи совеста. Одржувањето на хигиената во овој објект е нивна примарна обврска.