Фотографот, кој беше удрен од пикапот на канадскиот поп пејач Џастин Бибер, поднел тужба против него.
Пејачот Џастин Бибер (25) пред две години по неделната миса во црква на Беверли Хилс со својот автомобил предизвикал сообраќајна несреќа.
Со својот автомобил Бибер прегазил фотограф. Младиот пејач веднаш излегол од автомобилот и се обидел да му помогне на повредениот фотограф. Станува збор за Вилијам Ламонт кој сега поднел обвинение против пејачот поради таа несреќа.
Како што тврди американскиот портал „ТМЗ“, во тужбата на оштетениот тој истакнува дека претрпел неспособност и други штети поради инцидентот.
– Останав траен инвалид поради него, емоционално сум оштетен и барам оштета – порачал фотографот во судските документи, но во истите документи тој не прецизирал кои повреди му ги нанел Џастин Бибер при несреќата.
FOTO: Printskrin/Instagram