Млад српски пејач пронајден мртов во бањата

Како што наведуваат пријателите на неговиот Фејсбук профил, Немања бил пронајден мртов во бањата.

413

Немања Јанковиќ беше пејач на популарниот панк бенд „Цигла ин Д Вугла“ и член на Атлетскиот клуб “Сава” од Нов Белград.

Покрај неговата голема љубов кон музиката, Немања бил одличен атлетичар – тркач, а како што наведуваат пријателите на неговиот Фејсбук профил, тој бил пронајден мртов во бањата.

„Беше најбрзиот тркач во клубот, АК Сава – Нови Београд, 1:20 часот, полумаратон, а потоа беше повреден и не трчаше 19 месеци. Пред неколку дена се врати на атлетската патека и тоа беше многу емотивен момент за него, бидејќи многу сакаше да трча. Ја доби својаата црвена маичка која се добива со категоријата полуелита, но за жал, тогаш се повреди, па никогаш немаше можност да ја носи на трка“, напиша еден пријател на неговииот Фејсбук профил.

„Почивај во мир, ми беше задоволство да ја делам со тебе стазата, беше голем тркач!“, напишал на својот профил на Фејсбук еден негов колега и пријател.

Членовите на групата „Гоблини“ се простија од Немања.

„Брате, почивај во мир“, пишува заедно со објавената фотографија на Немања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...