Алтернатива за Германија парично казнета поради нелегална донација

102

Германскиот парламент ја казни ултра десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) со повеќе од 400.000 евра бидејќи за време на предизборната кампања прифатила нелегална донација.

Во соопштението на Бундестагот се наведува дека двајца високи претставници на АфД добиле бесплатно огласување од фирма за односи со јавност со седиште во Швајцарија  пред регионалните избори во 2016 и во 2017 година.

Во образложението се наведува дека Јерг Мојтен и Гвидо Раил од раководството на АфД и кандидати за Европски парламент не требаа да прифатат такво огласување бидејќи фирмата „Гоал АГ“ не била наведена како донатор во тоа време.

АфД соопшти дека планира да ја оспори казната пред суд, истакнувајќи оти одлуката на Бундестагот е „политички мотивирана“.

АфД може да се соочи и со дополнителни парични казни поради донација исто така од Швајцарија што ја примича Алис Вајдел во 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...