Донациите за Нотр-Дам надминаа 600 милиони евра, ќе помогне и македонската Влада

475
FOTO MIA

Донациите од претпријатијата и од француските милионери за реконструкција на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, јавува дописникот на МИА. Различните донации на големите богати француски семејства и индустриски групи за финансирање на реконструкцијата на катедралата Нотр-Дам, уништена синоќа во голем пожар, попладнево надминаа 600 милиони евра. Семејството на наследниците на Л’Ореал , Бетнакур-Мејер и глобалниот козметички гигант денеска најавија донација од 200 милиони евра, покрај 200 милиони од семејството Арно и групата ЛВМХ, како и 100 милиони ветени од Тотал Вкупно и од семејството Пино (Керинг).

На денешната 130-та седница, Владата Република Северна Македонија, го задолжи Министерството за надворешни работи на нашата земја да стапи во контакт со МНР на Република Франција за координација во врска со помошта на меѓународната заедница за помошта за реставрација на опожарената црква Нотр Дам, со цел да се определи најсоодветна поддршка од Република Северна Македонија во знак на солидарност за обновата на овој грандиозен споменик од цивилизациско значење.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...