Дали се дебелеете поради храна или поради болест – проверете

Дебелината може да биде предизвикана и од проблеми во функционирањето на половите жлезди кај жените.

734

Прекумерната телесна тежина, односно дебелината се водечки здравствени проблеми на модерното време.

Резултат е прекумерното таложење масно ткиво во организмот. Се дефинира со индекс на телесна маса (ИТМ), при што ИТМ >25 означува прекумерна телесна тежина, а >30 дебелина.

Најчеста причина за дебелеење е прекумерниот внес на калории преку храна проследено со недоволна физичка активност. За дебелината денес дополнително придонесува општата дигитализација и автоматизација на сè што можеме да замислиме во секојдневниот живот.

Денес веќе нема телевизори без далечински управувач, а до пред неколку децении за да вклучите телевизор, но и за да ја промените програмата, требаше да се придвижите барем неколку чекори.
Во времето на фиксните телефони, моравме да стоиме покрај телефонот, но и да му се приближиме за да се јавиме.

Дебелина не е наивен проблем

Проблемот со дебелината е посебно изразен кај децата и адолесцентите. За разлика од возрасните, кај кои зголемувањето на телесната маса се одвива на сметка на зголемувањето на масните клетки, кај децата освен што се зголемуваат масните клетки, тие и се умножуваат, со што таквиот развој на дебелината подоцна многу потешко се лекува.

Освен прекумерниот внес на калории, различни форми на нарушувања на хормоналната рамнотежа можат да доведат до дебелеење.

Нарушувањата на жлездите со внатрешно лачење (ендокрините жлезди) можат да доведат до прекумерно наталожување масно ткиво. Најчесто доаѓа до нарушување на функцијата на штитната жлезда, хипотиреоза (намалена функција на штитната жлезда), што најчесто се утврдува по месеци неконтролиран раст на телесната тежина.

Различни болести со прекумерно излачување кортизол како Кушингов синдром се манифестираат со дебелина.

И нарушувањата на метаболизмот на јаглехидратите можат да доведат до дебелина или до отежнато задржување на постоечката тежина. Треба да се издвои инсулинската резистенција, која долгорочно се поврзува со дијабетесот, а погодува сè помлади луѓе.

Дебелината може да биде предизвикана и од проблеми во функционирањето на половите жлезди кај жените. Синдромот на отечени јајчници во комбинација со инсулинска резистенција доведува до зголемување на телесната тежина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...