Диета „Обединети нации“ од 90 дена – се слабее 15-20 килограми

Диетата трае 90 дена. Ако е потребно да ослабете помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш НЕ доаѓа до промена на метаболизмот.

3565

Стриктното спроведување на оваа диета доведува, покрај симнувањето на вишокот килограми, и до промена на метаболизмот, па изгубените килограми не се враќаат. Диетата трае 90 дена. Ако е потребно да ослабете помалку килограми, диетата се прекинува порано, но тогаш НЕ доаѓа до промена на метаболизмот.

Диетата „Обединети нации“ (ОН) секогаш започнува со протеински ден, а потоа следува скробен, ден со јаглехидрати, овошен ден, па повторно протеински. РЕДОСЛЕДОТ НА ДЕНОВИТЕ НЕ СМЕЕ ДА СЕ МЕНУВА.

А сега да разгледаме како практично се спроведува овој режим на исхрана.

Појадокот за сите 90 дена е ОВОШЈЕ. Се јадат по два плода од едно исто овошје (или една банана) или еден грст суво овошје (избројте 8 парчиња, ќе бидат доволни).

УН диета – прв ден – ПРОТЕИНСКИ ДЕН

Ручек:
– Месо: динстано, варено или печено (во количина од ресторанска порција, 2-3 парчиња или околу 250 г) или 3 варени или печени јајца или нешто од млечните производи па и соја.
– Леб: парче интегрален леб, салата во неограничени количини со максимално 1 лажица масло.
– Супа: задолжително (да биде без фиде – (1 шолја / 300 мл), а ако се консумираат млечни производи, тогаш супата не е задолжителна, туку се пие шолја јогурт или млеко.

НАПОМЕНА: различните видови протени не се мешаат во еден оброк, но ниту во денот.

Вечера:
Исто што јадевте за ручек, но само половина од мерката за ручек и без супа и без леб. Значи ако за ручек сте јаделе месо, исто ќе јадете и за вечера.

ПРОТЕИНСКИ ДЕН НАМИРНИЦИ:
– јајца варени, пржени
– кајгана со пиперка
– сатараш со јајца
– печено месо
– гулаш со свинско месо или со пилешко месо
– пилешко на скара/грил
– ќофтиња
– филети од риба или туна цо доматен сос (риба: ослич, скуша…)
– полнети пиперки со месо
– мусака со мелено месо и тиквички
– шопска салата
– младо сирење, сирење со сусам
– соја
– внатрешни органи (црн дроб, бубрег..)
– морски плодови, лигњи..

ОН диета – втор ден – СКРОБЕН ДЕН

За ручек:
– грав, грашок, леќа, ориз, компир – варено, единствено со додаток на зачини (сол, вегета, црн пипер, кечап, готвени домати) – полна чинија
– леб – едно парче
– салата

За вечера:
Исто како и за ручек, но половина од мерата. Вечерата е БЕЗ ЛЕБ.

СКРОБЕН ДЕН – НАМИРНИЦИ:
– компир печен, пржен, варен
– помфрит со сусам
– компир салата
– мусака со компир
– компир чорба
– пиперки полнети со компир
– ѓувеч
– ориз со печурки
– пиперки полнети со ориз
– грашок, боранија, грав, варена пченка, житарки во зрно, костени, соја, хумус, леќа, просо

ОН диета – трет ден – ДЕН НА ЈАГЛЕХИДРАТИ

Ручек:
Варени тестенини со додаток од зачини – кечап или пица само со додаток на кечап или солено печиво во количина од пица во пицерија (на пример 3 кифли).

За вечера:

Две чинии парче торта или 3-4 колачи или 3-4 топки сладолед.
Задолжително: едно ребро црно чоколадо.

НАМИРНИЦИ ЗА ЈАГЛЕХИДРАТЕН ДЕН:

– посна проја, проја со ајвар, проја со неутрален зеленчук
– пита со кисела зелка, пита со тиква, со зеље, спанаќ, печурки, праз, киселец или пита со блитва
– макарони со печурки или со неутрален зеленчук
– шпагети во доматен сос
– пица со неутрален зеленчук
– кифли, ѓеврек, солени стапчиња, фокача
– палента, нудли

За вечера:
– торти, колачи, сладолед, палачинки, пудинг, мусли
– бисквити со млеко, сутлијаш
– мелени житарки со јаткасти плодови и шлаг
– американски палачинки

ОН диета – четврти ден – ВИТАМИНСКИ (ОВОШЕН) ДЕН

Ручек и вечера:
Само мешано овошје – колку сакате. Меѓутоа, ни зеленчукот не е исклучен, така што практично витаминскиот ден може да изгледа вака:

Појадок – како и секој ден: два плода овошје
Ручек и вечера: мешано овошје

НАМИРНИЦИ ЗА ОВОШЕН ДЕН:

– овошје свежо, суво, јаткасто
– печен неутален зеленчук
– чорба од неутрален зеленчук
– печена тиква
– печени јаболка
– смути од зеленчук и овошје
– пудинг од овошје
– кокос бомбици
– супа од зеленчук

ДОПОЛНИТЕЛНА НАПОМЕНА:
– После кругот од 7х4 дена, односно 29. ден се држи воден ден, односно цел ден се пие само вода.
– Задолжително по витаминскиот, а понекогаш и по водениот, се продолжува со протеински ден.
– Кафе и чај може да се пијат, но без шеќер. Соковите се сведуваат на минимум.
– После ручек задолжително се зема 1 таблета која содржи дневна доза витамини и минерали.
– Паузи помеѓу оброците (минимална, значи може да биде и подолго растојанието но никако помало) за првиот ден е часа часа, а вториот и третиот е три часа. За време на овошниот ден паузата помеѓу оброците е два часа.
– По 20 часот не смеете ништо да јадете.

Сè што е наведено мора да се јаде бидејќи има своја улога во организмот. Овошјето е задолжително за појадок, бидејќи најбрзо дава енергија, а чоколадото третиот ден, исто така, бидејќи го штити организмот од можни алергии.

Количините на храна е нешто поголема од вообичаено. Мора да бидете доследни и упорни. Може да се случи првите 10дена да не дојде до губиток на килограми, но потоа ќе започне нагло слабеење од 3-4 килограми.

После 90 дена диета, уште 90 дена за појадок се јаде овошје, додека за ручек и вечера се враќате на вообичаен начин на исхрана. Во тој период треба да се изгубат уште 3 кг, што е показател за промена на метаболизмот.

Ако не се изгубат, диетата треба да се повтори, но дури после три месеци.

Диетата не смее да продолжува подолго од 90 дена. Единствено по пауза од три месеци може да се спроведат нови 90 дена.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...