Славниот актер со автомобилот покосил велосипедист, па добил шлаканица

Актерот го возел својот „ламборгини урус 4х4“ низ местото Фрешвотер кога случајно го соборил велосипедистот Мајкл Лоренс (63) и притоа му нанел сериозни повреди на раката.

538

Славниот актер Бенедикт Камбербеч (42) учествувал во необичен инцидент на островот Вајт, пренесува „Дејли мејл“.

Актерот го возел своето „ламборгини урус 4х4“ низ местото Фрешвотер кога случајно го соборил велосипедистот Мајкл Лоренс (63) и притоа му нанел сериозни повреди на раката.

– Автомобилот се појави од никаде на локалниот пат и тргна директно кон мене. Немав каде да се тргнам од патот, па инстиктивно ја испружив раката пред себе – рекол тој за „Сан“.

Лоренс наведува дека со раката го „откорнал“ ретровизорот на автомобилот на актерот, дека бил целиот крвав, и кога актерот излегол од автомобилот, Лоренс му удрил шлаканица.

„Само што излезе почна да вреска, па му удрив шлаканица, сè уште под дејство на адреналинот. Некако се објаснивме и ми понуди вода, како и да ме однесе во болница“, рекол Лоренс.

Тој за британските медиуми изјавил дека е бесен затоа што актерот потоа не му се ни јавил, и дека е можно да го тужи и да бара 20.000 фунти отштета.

Полицијата на Фрешвотер потврдила дека овој инцидент се случил и дека е пријавен, а интересно е дека ПР-службата на актерот соопштила дека тој „не го поседува спорниот модел на автомобилот“.

Камбербеч во 2015 година се оженил на тој остров, каде тој и сопругата изградиле и вила во која сега живее нејзината мајка, па често одат таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...