Неодамнешното истражување покажало дека понежниот пол е повеќе опседнат со
храна во однос на мажите и дека околу 25 отсто од жените на диета размислуваат за храна на секој половина час.
Во една друга студија опфатено е скенирање на мозокот на испитаниците така
што истражувачите држеле вкусна храна пред мажи и жени кои не јаделе цел
ден. Заклучиле дека машкиот мозок помалку емотивно и активно реагирал на
храната во однос на женскиот.
На припадниците на посилниот пол им било полесно да ја контролираат желбата за
храна, а нивната предност е и во тоа што имаат побрз метаболизам од жените, и тоа
за 5 до 10 отсто.