Арета Френклин постхумно доби Пулицерова награда

81

Пулицеровите награди за придонес во новинарството и уметноста беа доделени синоќа на Универзитетот Колумбија во Њујорк. Меѓу лауреатите се новинските агенции Асошиејтед прес и Ројтерс, како и новинари од „Њујорк тајмс” и „Лос Анџелес тајмс”.

Наградите за фотографија ги добија британската агенција Ројтерс и весникот Вашингтон пост, а онаа за истражувачко новинарство отиде кај новинарите од „Лос Анџелес тајмс”.

„Питсбург пост газет” ја доби наградата за најнова вест, а „Саут Флорида сан сентинел” беше награден за известување за настани од јавен интерес.

Неодамна починатата соул пејачка Арета Френклин постхумно го доби специјалното признание за „неизбришлив петдецениски придонес кон американската музика и култура”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...