Тешко повреден пожарникар во пожарот во Нотр Дам, Макрон прв влезе по огнот (ГАЛЕРИЈА)

480
ФОТО: EPA / YOAN VALAT

Пожарот во катедралата Нотр Дам е ставен под контрола  во 3 часот утрово, по осумчасовната огнена стихија, соопшти противпожарна служба на Париз, јавуваат западни медиуми.

Огнот, кој се случи во раните вечерни часови, брзо се распламти, изгоре главната кула, која потоа се урна, а набрзо и целиот покрив. 

Во пожарот е тешко повреден еден пожарникар.

Францускиот претседател и неговата сопруга први влегоа во катедралата по пожарот, за да видат дали е спасено вековното богатство.

ФОТО: EPA / YOAN VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...