Париската противпожарна служба не е сигурна дека ќе успее да го спречи ширењето на пожарот кој вечерва ја зафати катедралата Нотр Дам во Париз. Од огнот веќе се урна едната кула и дел од покривот на Богородичината црква.
– Не е сигурно дека ќе успееме да спречиме ширење на огнот кон северната камбанарија. Ако таа се урне, може да се претпостави степенот на штетата, изјави генерал Жан-Клод Галет, дополнувајќи дека со стихијата се борат над 400 пожарникари.
Добрата вест е дека реликвиите не се во опасност.
– Сите свети предмети не се засегнати, тие се на безбедно место, изјави портпаролот на Нотр Дам Андре Фино.
Во 1239 година во катедралата е донесена реликвија, светиот венец од трње на Исус Христос.