Вечерва доделување на Пулицеровата награда

65

Вечерва ќе бидат познати добитниците на Пулицеровата награда за новинарство и уметност.

На Универзитетот Колумбија во Њујорк, ќе бидат  доделени наградите за новинарство во 14 категории, меѓу другото за известување, фотографија, критика, коментари и цртани филмови.

Наградите за уметност се доделуваат во седум категории, меѓу кои фикција, драма и музика.

Наградата ја доделуваат американските весници, списанија и интернет изданија.

Првите новинарски награди доделени се во 1917 година и станаа најпрестижното признание во САД.

Добитниците на наградата за јавна служба добиваат златен медал, а останатите добитници добиваат по 15.000 долари.

Наградата ја воспоставил Џозеф Пулицер, издавач на весник со потекло од Унгарија и еден од зачетниците на „жолтиот печат“. Во 1903 година на Универзитетот Колумбија ја основал првата новинарска школа.

Меѓу најпознатите добитници на наградата се Ернест Хемингвеј, Тенеси Вилијамс, Артур Милер, Јуџин Онил, Вилијам Фокнер, Џон Апдајк и многу други.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...