Најдобри се диетите кои целно делуваат на местата каде што килограмите најмногу се лепат. Постојат три основни типови на женска градба: јаболко, круша и песочен часовник. Утврдете на кој тип вие му припаѓате и погледнете како треба да се храните за да ослабнете побрзо.
ТИП НА ГРАДБА – ЈАБОЛКО: ПОСНО МЕСО ГО ТОПИ САЛОТО ОКОЛУ ПОЛОВИНАТА
Кај жените кои со дебелеењето стануваат округли како јаболко вишокот сантиметри се таложат во пределот на стомакот и половината. Овој тип на градба со себе носи ризик од некои тешки заболувања како што се дијабетес и болести на кардиоваскуларниот систем. Сепак, редовното практикување на спорт и правилната исхрана можат тоа да го спречат.
ДИЕТА
1. Зголемете го секојдневниот внес на храна богата со целулоза (житарки, мешунки).
2. Денот започнете го со свежо овошје.
3. Намалете ја употребата на маснотии од животинско потекло.
4. Јадете посно место, од слатки само суво овошје и мед, а од овошје исклучиво цитрусно. Исто така препорачливо е да внесувате производи од соја, риба, ореви бидејќи овие продукти благотворно дејствуваат на кардиоваскуларниот систем.
5. И секако, што повеќе течности – вода или билни и овошни чаеви. Одличен е чајот од ѓумбир, кој се подготвува така што се помешуваат 20 грама ренден ѓумбир и сок од еден лимон, па сето тоа се прелива со врела вода. Можете да му додадете и малку бибер.
Опис: Масни наслаги во пределот на половината и стомакот. Мани: Зголемен ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Предност: Полесно е да се истопи салото од стомакот и половината отколку од бутовите.
ТИП НА ГРАДБА – КРУШКА: ПОМАЛКУ СКРОБ ЗА ПОСКЛАДНИ БУТОВИ
Крушкастата градба ќе ја препознаете по изразените колкови и поголемиот задник, тенката половина и тесните раменици. Не е правило, но вака градените жени често немаат големи гради. Силните бутови, вистина, го чуваат срцето, но затоа им е тешко да се ослободат од целулитот.
ДИЕТА
1. Што помалку храна богата со скроб (компир, ориз…).
2. Избегнувајте мрсно, но не одете во крајност.
3. Наместо да пиете сокови, јадете свежо овошје.
4. Консумирајте сирење со низок процент на масленост, риба, морски плодови, интегрален леб, интегрален ориз, зелена салата.
5. Доматите го креваат тонусот на кожата на бутовите. Овој повеќекратно корисен продукт содржи биоактивни супстанции кои ја поттикнуваат регенарацијата на кожата. Освен тоа, сокот од домати го забрзува метаболизмот и го потпомага слабеењето.
Опис: Масните наслаги се таложат во пределот на бутовите и на задникот. Мани: Зголемен ризик од артритис и склоност кој целулит. Предности: Маснотиите кои се таложат на бутовите активно го лачат протеинот адипонектин, кој го намалува ризикот од заболувања на кардиоваскуларниот систем.
ТИП НА ГРАДБА – ПЕСОЧЕН ЧАСОВНИК: КИЛОГРАМИТЕ ОДАТ ЛЕСНО ДОЛУ
Ова е најблагодарниот тип на градба. Жените чија фигура потсетува на песочен часовник се многу складни, но склони кон дебелеење. За среќа, се дебелеат рамномерно и лесно го симнуваат вишокот килограми.
ДИЕТА
1. Исфлете ги од исхраната слатките, оревите и авокадото
2. Секој ден јадете храна богата со белковини: посни меса – пилешки или мисиркини гради без кожа, јајца, млеко со низок процент на маснотии, зелен зеленчук.
Опис: Тенка половина, обем на гради приближно ист како и обемот на колковите. Мани: Склоност кој дебелеење. Предности: Најскладен тип на фигура. Колку лесно се дебелеат, толку лесно и слабеат. Имено, на овој тип на жени доволно е само малку да ги намалт порциите, и килограмите се топат.