Студентка на Универзитетот Фордхајм од Њујорк, Сидни Пејџ Монфрајс (22) го изгубила животот откако паднала од кулата на универзитетската зграда, висока околу 12 метри.
Таа вчера во многу тешка состојба била пренесена во болницата во која што и починала. Сидни оваа година требало да дипломира.
Британски „Сан“ пишува дека Сидни најверојатно учествувала во предизвикот кој го практикуваат студентите на завршната година – да се направи најсмела фотографија за социјалните мрежи.
Сидни, меѓутоа, се лизнала од кулата.
Универзитетот упатил писмо до родителите на девојката во кое се наведува дека таа им подлегнала на повредите.
„Со голема тага ве информираме дека Сидни Пејџ Монфрајс загина по паѓањето од кулата на зградата на Универзитетот“, навел во писмото Џозеф Мекшејн.
Универзитетот постхумно ќе ѝ додели диплома на настраданата девојка.
Неодамна и во Србија се случи слична трагедија кога животот го изгуби една девојка. Деветнаесетгодишната девојка настрадала во Ниш кога паднала од околу 15 метри висина. На покривот на зградата, како што пренесова медиумите, снимала видеоклип за социјалните мрежи.