Имагинативен пејсаж со нови кореографи – Јубилејно издание на Танц Фест 2019

126

Во Македонскиот народен театар, утре во 20 часот, во рамки на јубилејното издание на фестивалот Танц Фест, ќе се одржи вечер со три кратки кореографии, од кои две на нови кореографи: Дејан Битровски, кореограф на „Луцидниот Јос“ и Адријана Данчевска со кореографијата „Скеч“.

„Луциоднот Јос“ Битровски го создава на музика на Дулелуд, видеото и фотографијата се на Владислав Гавриловски, а костимите на Благој Мицевски. Битровски за претставата вели „Се што гледаме или ни се привидува, е само сон во сонот“. Во „Луцидниот Јос“ настапуваат: Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Јована Зајкова, Адријана Данчевска, Исидора Краљевска, Бобан Русески, Јасмин Систи (к.г.Италија), Нил Хохенер (к.г. Швајцарија).

Следува кореографијата „Фенси сме“ на Рисима Рисимкин, во изведба на Исидора Краљевска, Фросина Шуман, Тања Крстевска, Борис Богдановски, Дамла Пинар Башар (к.г.Турција), а во придружба на музика во живо, која ја изведуваат перкусионистите Виктор Филиповски и Владимир Трпчевски.

Третиот дел на претставата е кореографијата насловена „Скеч“ на Адријана Данчевска, чии се и костимите, а музиката е на Александар Гроздановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...