Се работи за разговори со универзитетски професори, македонисти, писатели, богослови, културолози, познавaчи и почитувачи на грандиозното дело на свети Климент Охридски: Људмил Спасов, Вера Стојчевска-Антиќ, Васил Тоциновски, Димитар Пандев, Александар Прокопиев, Елизабета Димитрова, Маја Јакимовска-Тошиќ, Виолета Мартиновска, Ана Ѓорѓевиќ, Јован Таковски, Ѓоко Ѓорѓевски, Емилија Црвенковска,Трајан Гоцевски, Милан Ѓорѓевиќ и Јован Белчовски.
Во рамки на редовната попладневна програма „Актуелно” и авторскиот проект „Quo vadis” соговорниците на Стаменов ги изложиле своите видувања за одделни аспекти од животниот пат и од творештвото на св. Климент, ученикот на просветителите Кирил и Методиј.