Ким Јонг Ун си додели нова титула

752
ФОТО: EPA-KOREA-SUMMIT-PRESS-POOL

Севернокорејскиот водач Ким Јонг Ун си додели нова титула која би можела да ја запрепасти соседната Јужна Кореја, бидејќи државните медиуми сега го ословуваат со „Врховен претставник на секорејскиот народ“.

Новата титула се појави пред два дена во известувањата за новоизбраниот парламент во Северна Кореа.

– Тврдењето дека лидерот на сите Корејци навистина е во согласност со долгрочната цел на Ким за повторно обединување на Корејскиот полуостров под негово водство – напиша Руедигер Франк од Виенскиот факултет на порталот 38 North кој ги следи и анализира случувањата во Северна Кореја.

Засега нема официјална реакцијана владата од Сеул. Јужнокорексите аналитичари веруваат дека целта на новата Кимова титула ќе ја зајакне неговата позиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...