Француски медиуми: Во Тулуз уапсени 45 демонстранти на „Жолтите елеци“

34
EPA / IAN LANGSDON

Француската полиција уапсила 45 демонстранти за време на протест на „Жолтите елеци“ вчера во Тулуз, информираат француски медиуми.

Според соопштението на префектурата на департментот От-Гарон во југозападниот дел на Франција, меѓу уапсените се и 15 лица, кои ги прекршиле правилата за учество во јавна манифестација, со тоа што ги покриле лицата со маски.

Според последните податоци, во судирите што избија на протест во Тулуз, на кој присуствуваа околу 30.000 лица, 21 лице било повредено, вклучувајќи и еден полицаец

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...